За нецели четири недели од почетокот на откупот на тутунот деветте откупувачи, заклучно со 5. јануари 2016 година, откупија вкупно 8.077.918 килограми тутун од годинашната реколта.
Просечната откупна цена изнесува 186 денари по килограм, што е речиси 70 денари повеќе од ланската просечна откупна цена (117 денари).
Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство исплатата е реализирана со 83,15% или за родот од 2016 година досега се исплатени 1.251.127.080 денари.
Откупот се врши на вкупно 186 ваги на 152 откупни места, а динамиката тече без проблем и според договорите меѓу тутунопроизводителите и откупувачите. Инаку, според првичните проценки, од реколта 2015, се очекува да бидат откупени околу 25.000 тони тутун.