ОТКРИЕНО: Еве колкава сума на пари добива секој терорист за нападите

isis-teroristi- (1)

Еден од мажите кои биле тренирани од ИСИС за напади во Европа, Николас Мореау, открил важни информации за начинот на делување на нивните терористички ќелии.

Тој во 2014. година заминал во Сирија за да се бори за ИСИС, а бил уапсен по враќањето во Нант следната година.

Како и многу регрути на ИСИС, тој бил ситен криминалец кој во затвор се преобратил во ислам, разочаран од животот во Франција. Рекол дека не можел да поднесе неправда и дека не видел иднина во државата.

На инспекторите им открил важни информации за одделот на ИСИС за меѓународни операции познат како “Амни”, кој одбира добро обучени борци со цел враќање во Европа и извршување на напади.
“Секој од нив добива по 50.000 евра за напад”, рекол Мореау.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.