Откриена кобна грешка во нагодувањата на ајфоните (ВИДЕО)

Доколку поради некоја причина сакате да си играте со нагодувањата на датумот на вашиот Ајфон телефон, немојте да одите во „предалечно минато“, бидејќи би можеле да останете без својот уред, предупредува лондонскиот весник „Гардијан“.

ajfon

Имено, според весникот, во уредите со 64-битен процесот и со иОС 8 и 9 е откреина необична грешка, која може да нанесе непоправливи оштетувања на вашиот Ајфон, Ајпад или Ајпод Тач.

Ако во нагодувањата на уредите поставите некој датум од „подаленото минато“, на пример 1 јануари 1970 година, тогаш тие ќе се блокираат и засега не е пронајден начин за нивно ресетирање.

Грешката ја открил еден корисник, кој го снимил целиот случај и видеото го објавил на Редит.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.