Валентина Амелина е Русинка која е категорично е против играта “Pokemon GO” да се игра во Русија.
Таа тврди дека играта е добро смислена алатка на американските разузнавачки служби.
Амелина испратила писмо до Федералната служба за безбедност на Русија во кое што детално објаснува зошто оваа игра е стратешки опасна и мора да биде забранета во Руската Федерација.
Авторите на играта се поврзани со “Google” кој пак е финансиран од службениот фонд на ЦИА, пишува Валентина Амелина, пренесува рускиот весник „Космомолскаја правда“.
-Тие на овој начин успеаја да решат разни картографски задачи, се обновуваат сите податоци за патиштата, базите и многу други работи. А некогаш мапите беа стратешки важни и дури беа државна тајна. Во цивилните мапи некогаш дури намерно беа пишувани неправилни податоци. Автомобили-роботи ги има насекаде низ улиците, ги зацртаа сите наши градови, возила и сега остана уште еден проблем – како да се „ѕирне“ во нашите домови, подруми, касарни, државни инсистуции. И ете, се создаде генијалната заразна игра Pokemon GO“, вели таа.
Амелина пишува дека при бркањето на Покемони и обидите да ги фатиме, ние всушност им ги предаваме фотографиите од просториите во кои што се наоѓаме на ЦИА, па дури и географските координати.
-Ви честитам. Штотуку го снимивте целиот ваш стан. Со други зборови, тие нè следеа и сега продолжуваат да нè следат. А покрај доброволното картографирање на сè и сешто, се отвораат и уште многу други можности. Ако „самите знаете кој“ посака во овој момент да дознае што се случува во Државната дума, ќе започнат да вибрираат телефоните на пратениците, хигиеничарите, новинарите: Пикачу е во близина, ќе ви каже вашиот телефон. И пресреќните играчи ќе побрзаат да ги вклучат своите телефони, камерите и микрофоните, тврди таа.