Откриен привиот случај на “oмикpoн” во Македонија

Ширењето на сојот омиkpoн во земјите од соседството и Европа ги врати задолжителните маски на отворани, како и забрани за новогодишни прослави, додека во САД беа откажани и повеќе од 200 летови на „Јунајтед“ и „Делта“.

Во соседна Грција од вчера стапија во сила новите мерки – задолжителна маска и на отворено, а веќе потврдени се 33 случаи на Oмиkpoн и 98, кои се сомнителни и се испитуваат. Паралелно се откажуваат сите јавни божиќни и новогодишни манифестации, а постои силна препорака за тестирање, како на посетителите кои пристигнуваат во Грција, така и на граѓаните пред празничните собири.

Поради зголемениот број на случаи на зapaзени со Koвид-19, Италија ги забрани новогодишните прослави и најави враќање на задолжително носење маски на отворено. Забрана за масовни дочеци на Нова година на отворено, донесе и Словенија, но им дозволи на угостителите да работат до раните утрински часови со задолжителни потврди за ковид и негативни тестови за сите, без разлика на koвид-статусот.

Секвенционирањето на сојот Омиkpoн во нашата земја е направено во приватната болница Жан Митрев во Скопје, а станува збор за реинфекција, односно пациентот во јануари 2021 година ја имал прележано болеста и по прележувањето примил две дози од вakцината „Фајзер“. Во моментот пациентот има лесна клиничка слика и се лекува во изолација во својот дом.

Според последната ковид статитика на Институтот за јавно здравје, во изминатотото деноноќие, регистрирани се нови 333 случаи од направени 3.511 тестирања, а пријавени се 11 починати и 311 оздравени пациенти.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.