Откриен е тестаментот на Александар Македонски !

Тестаментот ги открива плановите кои ги имал Александар за иднината на Македонската империја со која владеел, каде сакал да биде погребан и кој треба да ги наследи неговото богатство и неговата моќ.

Aleksandar-Veliki-1-620x350

Лондонскиот експерт Дејвид Грант тврди дека последната волја и тестаментот на Александар Македонски се пронајдени во древен текст кој векови бил пред очите на јавноста, но се до сега бил сметан за измислен.

Долго споменуваниот тестамент ги открива плановите на Александар за иднината на Македонската империја со која владеел, како и за тоа каде сакал да биде погребан и кој треба да ја наследи неговата моќ и целата империја.

Доказите за неговата последна волја се најдени во древен ракопис познат како “Александрида” или “Роман за Александар”, во кој се опишуваат александровите легендарни освојувања, пишува Daily Mail.

Овие приказни се собрани 100 години по смртта на Александар и во себе содржат непроценливи историски фрагменти за походите на Александар во Персија.

Историчарите долго време верувале дека последниот дел на “Александрида” е политички памфлет кој ја содржи последната волја на Александар, но се до сега сметале дека е измислен.

Во своето истражување, Дејвид Грант донел заклучок дека тестаментот е заснован на оригинален текст, но дека е изменет од политички причини.

Во книгата “Потрага по изгубениот тестамент на Александар Велики”, Грант тврди дека најмоќните генерали на Александар го сокриле оригиналниот тестамент, затоа што за наследници ги назначил својот син Александар IV, кој бил половина Азиец и постариот син Херакле.

Aleksandar-Veliki-3

Тие не сакале ни да помислат имеријата да им ја остават на неговите синови, дури и меѓусебно се бореле за власт за време на граѓанската војна позната како “Војна за наследство”.

Грант тврди дека по смртта на Александар оригиналниот тестамент е изменет и по налог на еден од генералите е делен меѓу луѓето, како доказ дека тој е легитимен наследник.

Доколку Грант е во право, ова би значело понишување на 2.000 години академски студии на оваа тема.

bc5075f434882d066482d25dbc86764b

-Пропагандата и политичкиот призвук на памфлетот создава сомнеж за автентичноста на тестаментот, кој влегол во книгата која ја знаеме како “Роман за Александар”. Меѓутоа, моите истражувања ме наведуваат да донесам заклучок дека и покрај тоа што е изменет, заснован е на оригиналниот тестамент на Александар Македонски, вели Грант, додаваќи дека тестаментот после тоа е “осуден” да стане бајка.

 

Ф.Г.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.