Откако обезбедија опстанок во најелитното ракометно друштво, прилепчани го потпишаа и првото засилување на новата сезона

После успешно завршена сезона во Супер лигата, РК Прилеп започна со креирање на костурот на екипата за наредната натпреварувачка сезона.

Прилепчани завршија на третото место во плеј-аут разигрувањето и обезбедија опстанок во најелитното ракометно друштво и идната сезона.

Раководството на клубот не чекаше долго, па веднаш почна со работа за креирање на тимот за идната натпреварувачка сезона. Откако Давор Шокоски и Грузиецот Мириани Гавашелишвили го напуштија клубот, па прва соработка која ја договори клубот е со пикерот Томче Трајчевски, кој од екипата на Радовиш ги засили редовите на прилепчани.

-Се работи на уште неколку засилувања, за конечно комплетирање на тимот за следната сезона – велат од клубот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.