Бензините и дизелот од полноќ поевтинуваат за денар, а екстра лесното масло за домаќинствата за 1,5 денари, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Новата цена на литар од моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 72 денари, а 74 денари на ЕУРОСУПЕР БС -98, додека дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава по 62,5 денари за литар, а Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) по 62 денари.
Поевтинува и мазутот М-1 НС за 1,105 денари за килограм и ќе се продава по 36,876 денари.
Со одлуката на РКЕ, се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,91 процент во однос на одлуката од 3 месецов.
Mинатата недела дизелот поскапи за 3,5 денари за литар, екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари, а бензините за по два денара по литар.