Утрово во црковниот храм Св.Димитриј во Битола, беше извршена хиротонија на Ново-наречениот епископ Никола Велички, отец Никола Трајкоски од манастирот Св. Никола во село Манастир, мариовско.
Светиот чин беше извршен во присуство на Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, г.г.Стефан.
За потсетување, светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница во полн состав, одржана на 26 декември 2023 година, го избра Неговото Високопреподобие архимандритот г. Никола (Трајковски) од манастирот „Св. Никола“ во с. Манастир – Мариово, за викарен архијереј на Преспанско-пелагониската епархија со титула Епископ Велички.