(Фејсбук статус на Отец Димитар Арсовски)
Како што преку жена дојде гревот, така преку жена дојде спасението. Лага и клевета е дека Црквата ја гледа жената како пониско и потчинето битие на мажот.
Црквата од Жената над жените секојдневно проси молитвено застапништво пред Бога преку ликот на Богородица која треба да е идеал на современата жена.
Да се биде жена денес е крст, распнување помеѓу семејните и работните обврски, распнување помеѓу тоа да се биде мајка и деловно успешна.
Токму поради таа причина кај нас православните жената не може да биде свештеник, зашто го има дарот на свештенството во црквата во мало (семејството), а тоа е преубавиот дар на мајчинството.
Немаме никаква потреба од феминизам или од патријархат доколку ги послушаме зборовите на апостолот Павле кој советува: вие мажите сакајте ги жените свои како што ги сакате своите тела.
Таков треба да односот на едни кон други, љубовен во вистинска смисла на зборот, сето она што е надвор од Бога е чист хуманизам и непотребен активизам кој е со краток рок на употреба.
Мажи сакајте си ги жените; жени бидете им потпора и утеха на мажите…