Отворени денови со земјоделците

Вкупно 102 населени места во 60 општини во Македонија ќе бидат опфатени со отворените денови наменети за земјоделците што се реализираат од страна на Министерството за земјоделство, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството. За време на отворените денови земјоделците ќе имаат можност да се информираат за поволностите што ги нудат програмите за финансиска поддршка на земјоделството и да дадат свои предлози за надминување на проблемите со кои се соочуваат. Тимовите од Министерството за земјоделство ќе ги презентираат и можностите на ИПАРД-програмата. Тимот  од Министерството за земјоделство ќе ја посети и Општина Кривогаштани на ден 20.08.2015 година каде во 20:00 часот ќе биде во ПОУ Јонче Смугрески во Боротино и во 21:00 часот во ОУ Јонче Смугрески во Обршани.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.