Отворена изложбата “Моите соништа на монументалните платна” на добитникот на Третоноемвриска награда за животно дело, Кирил Гегоски-Гегата

Во Ликовната галерија синоќа, 23.12.2022, беше отворена изложбата на слики “Моите соништа на монументалните платна”од нашиот уметник Кирил Гегоски-Гегата.

Уметникот се претставува со две големи платна и повеќе студии акрил на платно создавајќи кохерентна ликовна целина.

Според Викторија Димеска, историчар на уметност, Гегоски создал нови апстрактно асоцијативни конотации и донесува нова концептуална свежина.

-Со промислено и внимателно распоредување на асиметричните форми уметникот создал хармонични и обединети композиции.Вметнувајќи ги кривите и динамични линии ја разигрува конструкцијата и ги дефинира асоцијативните форми.
Со вибрантната колоритна звучност и тонската одѕвонувачка чистина Гегоски го поедноставил сложениот катактер на материјата и ја усовршил функцијата на бојата – рече на отворањето на изложбата Викторија Димеска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.