Поради големата заинтересираност од страна на граѓаните, Oпштина Прилеп уште еднаш ги отвори вратите за граѓаните на град Прилеп во рамки на проектот „Отворен ден за граѓаните – Посета и запознавање со работата на Локалната самоуправа и градоначалникот на Општина Прилеп“.
Основци, средношколци, вработените во јавни институции и сите заинтересирани граѓани кои се пријавија на телефонскиот број 401-720 имаа можност да ги посетат Секторите во Општина Прилеп, како и кабинетот на Градоначалникот на општината и поблиску да се запознаат со работата и надлежностите на локалната самоуправа.
Во рамки на проектот „Ден на идеи – Идеа плус за подобар Прилеп“ беа презентирани неколку идеи од инфраструктурен карактер.
Пред присутните беше презентиран и филм од сите досегашни реализирани проекти на општината како и проекти во реализација кои ќе му дадат нов лик на градот.