Отворајте новчаниците: Владата ги задолжи државните институции да донираат пари за обновување на „Глобал“

Со пари на граѓаните ќе се обновува приватен објект. Премиерот Зоран Заев кој беше аболициран за тоа, сега ги задолжи државните институции да донираат пари за обновување на „Глобал“.

Пожарот кој на почетокот од годинава избувна во трговскиот центар „Глобал“ во Струмица предизвика голема материјална штета, а на седница на Владата во вторникот беше усвоена информација со која на сите државни и јави институции им се препорачува во духот на хуманизмот и солидарноста да донираат за обновување на опожарениот трговски центар „Глобал“.

-Владата на Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата во врска со доставениот Повик за донација од Здружението на граѓани ОБНОВА НА ГЛОБАЛ – Струмица и донесе заклучок да им препорача на органите на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, на единиците на локалната самоуправа во Северна Македонија, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како на приватниот сектор имајќи ги предвид хуманизмот и солидарноста како темелни вредности на уставниот поредок, во рамките на своите финансиски можности да донираат средства на Здружението на граѓани ОБНОВА НА ГЛОБАЛ – Струмица со цел обновување и реконструкција на опожарениот објект на ГТЦ Глобал – Струмица, стоеше во соопштението од Владата по одржаната седница.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.