Отвopeте ги oчите: Cпopeд Cyгapecки 700 километpи патишта се гpaдат во моментов, плyc патapини

Ако ова го изјавил во 2019 година, којзнае колку се “градат” или се “изградиле” до денеска…

Веста во продолжение е објавена на веб страната од Владата на Република Македонија и датира од 15.09.2019год.

Изградбата на капиталните проекти се приоритет број еден за Владата. Најавивме дека оваа ќе биде економска година и се држиме до таквите изјави. Само преку ЈП за државни патишта во првиот квартал реализирани се преку 50 милиони евра во изградба и реконструкција на патната мрежа во земјава. Тоа е на пример за три пати повеќе инвестиции во споредба со првиот квартал од минатата година, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов извршија увид во реконструкција на регионалниот пат Драчево – Орешани – Таор.

Министерот Сугарески потенцираше дека само во моментов се работи на преку 90 проекти и тоа патишта, мостови, патарини со вкупна должина од преку 700 километри патишта и вредност од над 850 милиони евра.

„Засилено работиме на гасификацијата, ја интензивиравме изградбата на железницата кон Бугарија и реално очекувам втор и трет квартал да имаме силен раст на капиталните инвестиции. Ни претстои долга градежна сезона, очекуваме се што најавивме за изградба и реконструкција во инфраструктурата да реализираме за оваа година, и уверен сум дека ни претстои силна економска година посветена на инфраструктурата”, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.