Осум пара чизми и ракавици донација за пожapникapите во Велес (Фото)

Компанијата „Маркарт Македонија” ДООЕЛ, денес донираше осум пара професионални чизми и ракаваци, за вработените во Територијалната противпожарна единица од Велес, во вредност од 158.800,00 денари.

Командирот на ТППЕ, Љупчо Лепидовски изрази благодарност за донацијата и надеж за продлабочување на соработката.

Во име на Советот на Општина Велес и граѓаните, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, се заблагодари за донирањето на опремата, која ќе придонесе за подобрување на квалитетот на условите за работа на професионалните пожарникари од градот. „Се надевам дека овој пример кој ја потврдува ‘Маркарт Македонија’ како општествено одговорна компанија, ќе го следат и други фирми од градот и државата”, додаде тој.

„’Маркарт Македонија’ е важен дел од заедницата и како најголем работодавач во Велес, сакаме да придонесеме за подобрување на истата, но и да ги поттикнеме другите компании да го следат нашиот пример за да можат да помогнат на ТППЕ. И во иднина сме тука за Велес”, изјави Волфганг Ајхер, генерален директор на „Макарт Македонија”.

Извор: “veles.gov.mk”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.