Вандализмот на СДСМ е на пат скапо да им наплати на граѓаните, поради немањето на здрав разум кај малкумината поддржувачи и немањето на свест за последиците кои би ги предизвикале.
Поради нередите во градот и секојдневното уништување на општествениот (заеднички) имот на сите граѓани, се поголем е стравот кај странските инвеститори во Прилеп, потенцијални и сегашни.
И домашните фирми кои планираат да ги прошируваат своите производствени капацитети во новите индустриски зони Прилеп 1 и Прилеп 2, ги преиспитуваат своите одлуки.
Ако во изминатиот период се направија напори и успешно започна да се реализира одново економското издигнување на Прилеп и намалување на невработеноста, сега СДСМ одново сака да го врати градот назад, на заборавот на времето, исто како што го оставија пред 10 години.
Ваквото дивеење веќе предизвикува ненадоместливи штети од кои страдаат сите граѓани, без разлика на сопственото убедување.
Граѓаните стравуваат за своите плати и пензии, додека пак земјоделците, а особено тутунопроизводителите се длабоко загрижени за иднината во исплатата на субвенциите.
Тоа е таа политика на деструктивност и гледање на сопствените интереси, која во минатото од Прилеп направи буквално црна дупка.
Сега кога се изгради Технолошко индустриската развојна зона во Алинци, и кога секојдневно доаѓаат потенцијални инвеститори, историјата се повторува, СДСМ од Прилеп повторно сака да направи град без иднина и перспектива.