Остануваат уште малку слободни места! Во срцето на раскошната природа на Поречието, со работа започнува домот за стари лица “Сувенир” (ФОТО/ВИДЕО)

Живописното село Самоков во срцето на Порчието, отсега нуди можност за згрижување на стари и изнемоштени лица. Просториите на поранешниот хотел “Поречки бисер” се адаптирани и реновирани во приватен старски дом, кој од 1. август ги отвора вратите за првите штитеници.

Домот за стари и изнемоштени лица “Сувенир” е место кое ќе гарантира удобност, безбедност и секаква адекватна грижа за вашите најблиски.

Тука природата била најдарежлива и ги раширила своите рајски убавини на секој чекор. За тие што не знаат, Самоков се наоѓа на 600 метри надморска височина, во предел каде нема никакво загадување, каде виреат стотици различни билки и чаеви и каде утрата започнуваат со милозвучна мелодија на птиците.

Не случајно ова место е познато и како воздушна бања за срцево болни лица, затоа што тука природата го милува срцето, а тоа здравее. Самоков се наоѓа на 60 км оддалеченост од Скопје преку резервоарот Јасен, и на исто толкава оддалеченост од Прилеп.

Домот е опкружен од едната страна со поглед кон прекрасната црквичка Св. Илија, а од другата страна со базен и река, па токму затоа ова место е идеално за вашите најмили. Тука тие ќе бидат во вистински раце, со соодветен медицински надзор, а ќе можат да избираат и помеѓу разно-разните можности за рекреација.

Што нудат од СУВЕНИР?

Домот располага со одлично опремено катче за дружење и заедничко поминување на времето на штитениците, преку играње билјард, пинг-понг, табла, шах… и сл.

Тимот вработени веќе има разработено програми за прошетки во недопрената поречка природа, риболов и секакви други активности во зависност од можностите, физичката и здравствената способност на секој од штитениците.

Собите се опремени со посебно ВЦ и купатило, телевизор и удобни кревети, интернет, сопствени балкони, а во домот вашите најмили ќе добиваат адаптирана исхрана, ќе имаат 24-часовен медицински надзор и постојана примарна медицинска нега.

Неделите пак се резервирани за посети од семејството. Ќе можете да дојдите да поминете заедничко драгоцено време, а од луѓето од домот ви обезбедат фамилијарен ручек.

Објектот располага со прекрасно уредени двор и тераса, наменети за вечерно и дневно дружење на корисниците.

Во “Сувенир” добредојени и згрижени со соодветен медицински надзор ќе бидат и лица со деменција, а всушност тоа е и мисијата на тимот на домот, да обезбеди топло добредојде на секој посетител, потоа неговата посета како гостин да премине во навика, а “Сувенир” да стане негов ДОМ.

Доверете им ја грижата за скапоцениот живот на вашите родители, баби, дедовици… на луѓе кои умеат како и кои ќе им обезбедат најсоодветна нега и грижа. Чистиот воздух, раскошната природа и професионалниот пристап на тимот во “Сувенир”, не само што се вистински избор, туку со сигурност ќе придонесат за подобрување, како на физичкото, така и на умственото здравје на луѓето на кои им го должиме животот.

Посетете ги, или јавете се и разговарајте на телефонскиот број: 070 999 667 – остануваат уште малку слободни места!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.