Попладнево со почеток од 15:30 часот на стадионот во Кочани, ќе се сретнат екипите на Осогово и Победа, “дерби” натпревар на дното од Втората лига – Исток.
После катастрофата која минатата недела ја доживеа на домашен терен против Плачковица, каде загуби со 2:5, Победа има нова шанса за поправен.
Екипана на Осогово која е новајлија во вториот фудбалски ранг стартуваше со четири порази и е без освоен бод.
Од друга страна Победа има само еден триумф и три порази на своето конто.
Црвено-белите во Кочани одат по 3 бода, но Осогово ги доби претходните два натпревари со прилепчани, 1:0 во фудбалскиот Куп и дури 6:0 во пријателскиот дуел неодамна.