Особини што децата генетски ги наследуваат од родителите

Научниците сѐ уште не можат да дадат јасен и конечен одговор на прашањето: Што најмногу влијае на карактерот на една личност – дали тоа е околината, воспитувањето или гените? Но, според истражувањата, веќе извесно е дека децата не го наследуваат само изгледот од родителите, туку и многу од нивните особини.

Гените имаат важна улога, на пр. кај музички таленти, но и други видови дарба. Одредени аспекти на музикалноста лежат исклучиво во гените и тоа е невозможно да се научи. Меѓу наследните особини кај децата се и фобиите, но и екстровертноста. Причината за наследување на овие особини во голема мера лежи во предците, а не во тоа што родителите го запишале детето на воннаставни активности. Уште повеќе, науката забележува генетска врска и меѓу екстровертноста и нарушувањето на внимание и хиперактивност, пишува порталот „Кликс“.

Исто така, некои луѓе веруваат дека смислата за хумор е особина којашто се учи исклучиво во средината каде што личноста расте и живее. Со новите наоди, и тоа е веќе спорно.

Подложноста на стрес е уште една одлика што се пренесува од родителите на децата. Тоа значи: Ако мајката, на пр., била изложена на стрес за време на бременоста, можно е и нејзиното дете да биде поподложно на стрес подоцна во животот.

И склоноста да се штедат пари, се вели, е особина што едно дете ја наследува од своите родители. Имено, некои луѓе имаат генетски предиспозиции да штедат – без разлика на факторите приходи, пол или образование. Одредени луѓе имаат и помала веројатност да имаат лоши навики како пушењето и се помалку подложни на дијабетес.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.