Во вчерашната емисија „Што не е јасно“ гостуваше Бујар Османи кој на прашањето за 300 пилоти одговори дека тоа СДСМ има ветувано, не ДУИ. Тоа е гласач на СДСМ, коментира за СДСМ, така да не е прашање што се однесува на ДУИ, ниту на Владата, истакна Османи.
Османи додаде дека тие се грижат за граѓаните, ДУИ се грижи за ветувањата кои што тие ги даваат пред граѓаните. И се обидуваат да испорачаат тоа што го ветуваат. И не ветуваат тоа што сметаат дека не можат да го испорачаат на граѓаните.