Косовската претседателка Вјоса Османи рече дека мерките за реципроцитет не се насочени против никого, туку се преземени за доброто на граѓаните и ги повика граѓаните од српска националност да не „паѓаат на пропагандата на Белград“.
Таа на Фејсбук напиша дека „Обидите на Вучиќ да го дестабилизира Косово, користејќи ги методите на неговиот ментор Путин“ нема да успеат.
„Косовската полиција и сите безбедносни институции работат напорно на почитување на владеењето на правото и слободата на движење. Ние се координираме и работиме неуморно со нашите меѓународни партнери“, рече Османи.