За тие што не знаат „Пат до ѕвездите” е најновото македонско талент шоу во продукција на „Арт студио“, кое се емитува на „Balkan Music Tv” и телевизија „Алфа”.
Целта е секако да се откријат нови домашни музички таленти кои јавноста ќе има можност да ги препознае токму преку ова талент шоу, а со тоа и да им го „отвори” патот до ѕвездите.
Во недела ќе се одржи финалето, а таму е и нашиот талентиран прилепчанец, Бранко Смоквоски, кој и тоа како покажа со какви вокални способности располага.
Бранко е 25-годишно момче, кој со музика се занимава уште од најрана возраст – од второ одделение. Има завршено нижо музичко училиште во Прилеп и средно музичко образование во Државното музичко училиште “Илија Николовски-Луј” во Скопје. Своите вокални способности целосно ги усовршил на Музичката академија при Универзитетот Св. “Кирил и Методиј”, а досега има освојувано голем број први и втори награди, како на државни, така и на меѓународни натпревари.
Со неговите настапи на талент шоуто “пат до ѕвездите” буквално го воодушевуваше жирито, а во полуфиналната вечер освои најмногу бодови, како од жири комисијата, така и од онлајн гласањето. Бранко досега настапи со две џез нумери, како и две песни од македонскиот поп-рок репертоар.
Уживајте во неговите настапи во продолжение:
Финалето ќе се емитува во живо на “Алфа Телевизија”, во недела со почеток од 20часот. Да го поддржиме нашиот сограѓанин и да му посакаме ништо помалку од победа!