Освен што растура на терен, растура и на тапан: Еве како славеа фудбалерите после победата над Косово (Видео)

Се славеше на големо вчерашната победа над Косово на нашата репрезентација, а Стефан Ристовски покажа дека е мајстор и за тапан.

Ристовски во улога на тапанар беше одличен, а на неговиот „лајв“ на Инстаграм доби коментар од неговиот поранешен соиграч и денешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед.

Познато е дека нашиот Ристовски е одличен пријател со Фернандеш, па затоа фудбалерот на Манчестер Јунајтед го коментираше неговото удирање на тапан.

„Правиш многу врева“, искоментира Бруно во „лајвот“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.