Освежителна торта со лимон

Потребни состојки: 200 гр. бисквити, 2 лажички кафеав шеќер, 6 лажички кокосово масло или 3 лажици путер, 150 мл. јогурт од лимон, 400 мл. слатка павлака, 1 лажица рендана кора од лимон, 2 лажици сок од лимон, Шумско овошје, нане, Шеќер во прав.

Начин на подготовкa:

Бисквититe додајте ги во бленер. Растопениот путер додајте го заедно со кафеавиот шеќер и кратко блендирајте додека состојките се соединат. Извадете ја добиената смеса од блендерот, ставете ја во калап и оставете во фрижидер. За тоа време, во слатката павлака додајте шеќер и промешајте. Додајте ги лимоновиот сок и кората, а потоа додајте го јогуртот. Ќе добиете густа смеса. Додајте шеќер. Подлогата извадете ја од фрижидер и додајте го кремот. Чувајте ја во фрижидер 1h за да се стегне. Откако ќе се стегне, посипете ја питата со замрзнатото шумско овошје и наросете шеќер во прав.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.