Дечињата од едукативниот центар ROYAL KIDS HOUSE заедно со “Фан продукција” на Зоран Пилоски, снимија прекрасна преработка на спотот од песната “Налеј, налеј”. Maлите глумци се покажаа во одлично светло, а колку целиот проект е оригинален, погледнете во продолжение:
Од ROYAL KIDS HOUSE за нивниот најнов проект велат:
-Овој месец, со нашите деца, нашите мали, вредни глумци, снимавме спот на песната ,,Налеј Налеј”, чија мелодија е репрезент на македонската култура и традиција. Месецот декември, познат по претпразничната идила што ја носи, вткаена во топлите семејни домови, го дополни ова прекрасно сценарио, кое придава голема важност на народната традиција. Месец кој е симбол на куќните слави, на семејните собиранки, како битно културно обележје на нашиот народ. Во спотот се обработени мотиви на народната култура, чии елементи се пренесуваат од колено на колено. Пријателските дружби во градските кафеани, модата и стилот кои го обележуваат минатиот век, традиционалниот амбиент на кафеаните, се главен фокус на кој се заснова нашата идеја за овој спот. Голема благодарност до ресторанот Македонска Куќа за отстапениот простор, како и за држењето кон духот на староградска кафеана, со чиј придонес ја доловивме смислата на овој проект. А секако, со голема пофалба го наградуваме и трудот на нашите мали, но многу вредни глумци, кои вежбаа и се трудеа за да се појават во полн сјај. Гледајте и уживајте!