Во Унгарија е започната постапка за промена во уставот, како што изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Промените на уставот треба да се однесуваат на тоа одлуките кои ги донесува унгарската влада да имаат предност во однос на оние заедничките, кои ги донесува Европската Унија.
Постапката на промена во уставот треба да трае околу 3 седмици, после кои би требало да се одржи седница на унгарското Собрание на која би била изгласана оваа промена.
Се очекува за оваа промена да гласаат две третини од унгарското Собрание.
МАРКУКУЛЕ.МК