“Општината сеуште молчи кој ќе “лапне” 2.500.000 денари за организација на “Пивофест 2019″?”

Овогодинешното 17-то по ред издание на фестивалот на скарата и пивото “Пивофест 2019” ќе се одржи до 18 – 21 јули.

Сеуште не е позната официјалната програма за фестивалот и кои музички ѕвезди ќе настапат на фестивалската сцена во Прилеп.

Според неофицијални информации главна ѕвезда на овој “Пивофест” ќе биде балканската дива Светлана Цеца Ражнатовиќ која по 9 години повторно доаѓа во Прилеп.

За локација на фестивалот повторно е избрано централното градско подрачје, иако во минатите години од актуелните власти, доста се критикуваше овој простор како несоодветен за фестивалот.

Општината оваа година предвиде 2,5 милиони денари за организација на фестивалот, средства за кои беше распишан оглас за избор на организатор.

Огласот беше објавен на 29.05.2019 и траеше само три дена до 01.07.2019. Но, и покрај тоа што од тогаш има поминати цели 3 недели, општина Прилеп сеуште не го обелоденува името на фирмата која ќе го организира седумнаесеттиот по ред “Пивофест”.

На оваа тема се развија низа дискусии во јавноста, како и сомнежи дека позади оваа работа нешто се крие.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.