Општина Прилеп ќе испрати 300.000 денари за нacтpaданите од земjoтpecoт во Турција и 150.000 денари за Сирија

Денеска, по иницијатива на градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески се одржа вонредна седница на Советот на Општина Прилеп на која беше донесена Одлука за обезбедување средства од Буџетот на општината, како донација за семејствата на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија.

Донацијата на Општина Прилеп и граѓаните на Прилеп, во знак на поддршка, солидарност и пријателство, изнесува 450 илјади денари Буџетот на Општина Прилеп за 2023 година, од кои 300.000,00 денари за настраданите од земјотресот во Република Турција и 150.000,00 денари за настраданите во катастрофалниот земјотрес што истовремено се случи и во Сирија.

Покрај пунктот за донации кој е поставен во центарот на градот, каде граѓаните на Прилеп донираа и донациите преку отворените телефонски линии, Општина Прилеп понуди и обучен тим од ТППЕ Прилеп во координација со ДЗС подрачна единица Прилеп, за директна помош со човечки ресурси во подрачјата каде што има потреба, а прилепскиот бизнис секторот организиран преку Регионалната стопанската комора – Прилеп, веќе упати помош во настраданите подрачја.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.