Во рамки на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија 2“, утре, вторник 22 октомври во 10:00 часот, во дворот на ООУ „Страшо Пинџур“ во село Мало Коњари, ќе биде предадена во употреба теретана.
На настанот воведно обраќање ќе има градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.
Проектот е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија и има за цел да придонесе кон зајакнување на младите од Пелагонија да станат активни чинители на промени во нивните локални заедници.