Вчера во просториите на општина Прилеп на 60-тина семејства им беа доделени нови решенија за легализација на дивоградби со што бројот на легализирани објекти во општината се зголеми на 8.500.
Решенијата ги врачи градоначалникот Марјан Ристески:
-Денешниот ден на нови 60-тина семејства ќе им остане во трајно сеќавање. Денес, тие се стекнуваат со документ со кој стануваат реални сопственици на својот дивоизграден објект. Од денес, тие правно и легално располагаат со него, посочи градоначалникот Ристески.
Официјалните информации говорат дека Прилеп и понатаму останува на првото место на ниво на Држава по легализирани објекти.