Со новиoт, генерален урбанистички план, градот Прилеп денеска се претстави на меѓународениот саем за Градежништво, градежни материјали и градежна механизација, кој денеска започна во Скопје и понуди парцели за домување и стопанисување. Со новиот генерален урбанистички план креиран од 2013 до 2023 година, обезбедени се поголеми можности и области за зоните за домување и изградба на стопански објекти, во согласност со потребите на граѓаните и бизнис секторот.
Прилеп на саемот за градежништво, градежни материјали и градежна механизација понуди неколку плацеви од типската населба во изградба „Градина“ со 424 парцели, чија почетна цена е 61 ден по метар квадратен, намена за изградба на индивидуални домувања и колективни домувања и индустриската зона „Прилеп 2“, со 14 парцели, каде почната цена е 61 денар за метар квадратен“, посочи градоначалникот Марјан Ристески во својата изјава.
Партнер на годинашната саемската манифестација е Министерството за финансии со проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“.