Како што дознаваме општина Прилеп доби нов секретар.
На местото на Александар Талимџиоски, кој 12 години успешно ја извршуваше оваа функција, поставена е Александра Кокароска, која повеќе години работи како економист во општината.
Од пред неколку дена Кокароска беше избрана и за член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување.
Таа беше предлог на Владата уште од јуни годинава, а на функцијата беше избрана на седницата одржана на 24-ти минатиот месец, кога за нејзиниот избор гласаа 57 пратеници во Собранието.
Кокароска е магистер по иновации и проектен менаџмент и е именувана како непрофесионално ангажиран член на ова тело.