“Општина Прилеп денеска ќе одбележува 38 години од смртта на Јосип Броз ТИТО!?”

Денешниот ден 4-ти мај општина Прилеп ќе го одбележи со неколку настани, а како централен настан на поканата до медиумите е истакнато одбележувањето на 38-годишнината од смртта на Јосип Броз – Тито.

Инаку со денешниот датум е поврзано и загинувањето на македонските револуционерни великани, Гоце Делчев и Пере Тошев.

Двајцата револуционери токму на овој ден ги положиле своите животи за слободна, независна и самостојна Македонија.

Гоце Делчев во 1903 во селото Баница, а Пере Тошев во 1912 година кај Дреновската клисура.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.