Здружението „Епилепсија Македонија“ со поддршка на Општина Прилеп денеска на градскиот плоштад „Методија Андонов – Ченто“ го одбележаа Светскиот ден за поддршка на лицата со епилепсија – Виолетовиот ден.
Со пригодна манифестација повеќе ученици од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ и од Црвениот Крст на град Прилеп облечени во виолетови маички и со виолетови симболи го одбележаа Виолетовиот ден. Стотина различни организации во земјата и светот ја имаат препознато вредноста и важноста на пораката и се придружија на одбележување на манифестацијата „Виолетов ден“.
На овој ден, луѓето од целиот свет носат виолетова боја за да дадат поддршка на лицата со епилепсија.