Општина Новаци објави јавен повик: Субвенции за пластеници за домаќинства

Општина Новаци објави јавен повик за финансиска поддршка за надомест на дел од трошоците за набавка на материјали за подигање на пластеници за сопствени потреби на домаќинствата.

Финансиската поддршка за надомест на дел од трошоците за набавка на материјали за подигање на пластеници за производство на еколошки-органски земјоделски производи за сопствени потреби на жителите на територијата на Општина Новаци е еднократна и неповратна.

Вкупната максимална сума која што може да ја добие еден барател е 10 илјади денари за максимален опфат од 50 м 2 под пластеници. За прифатливи трошоци според јавниот повик се сметаат набавката на полиетиленско платно (најлон), метална конструкција и материјали за поставување систем капка по капка.

Општината за овој јавен повик од сопствениот буџет издвои 1 милион денари. Јавниот повик е отворен до 24. 04. 2023 г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.