Општина Кичево сериозно работи на решавање на проблемот со кучињата скитници – градоначалникот на терен со стручните екипи (ФОТО)

Oпштина Кичево почнува да го решава проблемот со бездомните кучиња, а утрово во акцијата на заловување се вклучи и градоначаникот, Aлександар Јовановски.

-Стручна екипа од ветеринарни лекари изврши заловување на дел од кучињата скитници на територија на општината. Кучињата ќе бидат транспортирани до соодветен центар за згрижување, каде што ќе поминат хуман третман: преглед и лекување, вакцинација, стерилизација и соодветна грижа – велат во соопштение од општината.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.