Општина Битола објави Јавен повик за учество во организација и реализација на културни и туристичко промотивни активности во пресрет на новогодишните празници и збогатување на понудата на јавни содржини во општина Битола по повод дочекот на Новата 2026 година – Зимска приказна.
1. Целта на овој јавен повик е избор на субјекти кои ќе учествуваат во организација и реализација на културни активности во пресрет на новогодишните празници и збогатување на понудата на јавни содржини во општина Битола по повод дочекот на Новата 2026 година.
2. Право да аплицираат на јавниот повик имаат сите домашни правни и физички лица кои работат во областа на културата и културниот туризам, со достава на апликација и изјава за согласност (дадени во прилог на овој повик) потпишани со печат и скенирани електронски на е-маил адреса [email protected] или во архива на Општина Битола шалтер бр.3 ( работно време од 7:30 до 15:30 часот)
3. Изборот на настаните ќе го изврши Комисија за селекција и евалуација формирана од Градоначалникот, задржувајќи го правото да направи распоред на настаните.
Потребните документи, како и критериумите за избор се поставени на овој ЛИНК
























