Нема веќе непоразени екипи во третата лига… Екипата на Тетекс ТТК успеа да го сопре победничкиот чекор на кошаркарите на Мега баскет. На свој терен, тетовци стигнаа до победата над прилепскиот третолигаш со 71:65 и со тоа се искачија на второто место на табелата, со ист бодовен скор како и прилепчани.
Но, спортскиот дел на натпреварот падна во втор план поради општата тепачка која настана помеѓу играчите на двете екипи. Боксови, клоци, летаа на сите страни.
За среќа немаше повредени, па откако се смири ситуацијата судиите решија да исклучат најголем дел од играчите и тренерите. Средбата се доигра со само седум кошаркари во поле, од кои четири беа на Тетекс, а тројца на Мега баскет. Тоа го искористи домашниот тим, па во последните три ипол минути направи пресврт и со серија 16-4 дојде до бодовите.
Неспортскиот дел од натпреварот погледнете го 1:17:42 од видеото во продолжение:
Видео преносот е на Тетовски спорт