Општа болница “Борка Талески”-Прилеп забрзано се осовременува:Инсталиран нов eхо апарат

13709788_10208516989335233_4269559304565825309_n

Прилепската општа болница “Борка Талески” забрзано се реновира и се облекува во ново руво. Додека траат внатрешните уредувања, се набавуваат и нови апарати, со цел да се подобри здравствената заштита за граѓаните.

Денеска од болницата информираат дека е инсталиран новиот современ ехо апарат во одделението за радиодијагностика.

Претходно министерот за здравство Никола Тодоров најави дека до септември целосно внатрешно ќе биде реновирана Прилепската градска болница.

До сега реновирано е детското одделение и машкиот дел на интерното одделение.

Истовремено менаџерскиот тим работи на доекипирање на кадарот, при што со финансиска помош од Министерството, шест прилепски лекари беа испратени на специјализација.

A.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.