-На 30.08.2024 во 02.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг во близина на трговски центар на подрачјето на општина Аеродром настанал пожар на патничко возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.М. и патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Т.С. од Прилеп.
Од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Извршен е увид од страна на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР.