ООУ “Страшо Пинџур” со мноштво инвестиции во изминатите години: Целосно подобрен воспитно-образовниот процес (ВИДЕО/ФОТО)

Вложените 10 милиони евра во образованието во општина Прилеп, значително ги подобрија условите во воспитно-образовниот процес. Се инвестираше како во градот, така и во руралните средини. Основното училиште “Страшо Пинџур” од населеното место Мало Коњари е пример дека локалната самоуправа мислеше и за овие деца.  Реализирани се голем број проекти и инвестиции, како во централното училиште, така и во подрачните училишта во Кадино Село и Големо Коњари.

BeFunky Collage

За реализираните проекти денеска пресконференција во просториите на училиштето одржа директорот Зоран Петрески.

“Како што сте запознаени од поканата, целта на оваа конференција за медиумите е запознавање на јавноста со инвестициите во ООУ„Страшо Пинџур“ с. Мало Коњари. Притоа, ќе ги презентирам само покрупните инвестиции, а додека оние кои што се однесуваат на тековното одржување на објектите и опремување со современа наставна технологија не се предмет на презентацијата.

Kaко изгледаше училиштето пред инвестициите

[Best_Wordpress_Gallery id=”490″ gal_title=”pindzur”]

Таксативно ќе ги набројам следните:              

  1. Кров и громобранска заштита на зградата од центраното училиште во Мало Коњари со средства од локалната самоуправа на општина Прилеп во висина од 1.400.000,00
  2. Нов кров на зградата на подрачното училиште од Кадино Село со средства од локалната самоуправа на општина Прилеп во висина од 960.000,00 ден.
  3. Внесување на Санитарни јазли во зградата на подрачното училиште во Големо Коњари со средства од локалната самоуправа на општина Прилеп со вредност од 325.000,00 ден.
  4. Внесување на санитарни јазли во зградата на подрачното училиште во Кадино Село со средства од локалната самоуправа на општина Прилеп во висина од 600.000,00 ден.
  5. Столарија/внатрешна и надворешна, во сите згради со средства од локалната самоуправа на општина Прилеп во висина од 2.100.000,00 ден.
  6. Нови патоси од чамово дрво, ламинат, керамички лочки и линолеум во сите училишни згради со средства од локалната самоуправа на општина Прилеп со вредност од 1.200.000,00 ден.
  7. 7. Инсталирана ИКТ технологија со капацитет од 250 работни позиции за ученици и наставници со средства од буџетот на Р.Македонија во вредност од 3000.000,00 ден.
  8. Адаптација на простории и обезбедување на опрема за детска градинка во училишната зграда во с. Големо Коњари со средства од локалната самоуправа во висина од 530.000,00 ден.
  9. Во тек е подготовка на тендер за изработка на нов кров со громобранска заштита, како и санација на фасадата на зградата од училиштето во Г.Коњари со средства со средства од локалната самоуправа во висина од 860.000,00ден.
  10. Исто така е во тек изработка на главен проект за инсталација на парно греење во зградата во централното училиште во М.Коњари.

1

2

3

4

5

6

Реализираните проекти го променија ликот на училиштето

Вкупна инвестиција од буџетот на локалната самоуправа:  7.115.000,00 денари.

112342562

Подрачно училиште во Кадино Село (Пред-Потоа)

На крај морам да потенцирам дека успешната реализација на овие инвестиции, главно,  се темели на големата  динамика што ја создава градоначалникот  г-динот Марјан Ристески, како и на стручноста на администрацијата и институциите на локалната самоуправа на општина Прилеп”, истакна директорот на училиштето Зоран Петрески.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.