ООМУ „Ордан Михајлоски-Оцка“ со нови градежни зафати и комплетна реконструкција

received_10208816040109794

Во ООМУ „Ордан Михајлоски-Оцка“ во тек се градежните зафати за реконструкција на подните површини каде ќе бидат поставени три нови плочи, ќе бидат сменети скалите, вратите, молерисување на ѕидовите и комплетна промена на електричната инсталација. Оваа инвестиција чини 3.000.000 милиони денари средства обезбедени од Буџетот на локалната самоуправа.

received_10208816040029792

При посетата градоначалникот Ристески ја потврди финансиска поддршката на локалната самоуправа за успешно реализираните три капитални проекти во ова училиште: „Реконсртукција и обнова на фасада“, „Промена на надворешна столарија“, „Изведба на систем за централно греење со котел на пелети“, набавка на нови инструменти, се со цел подобрување на условите во училиштето и подобра реализација на наставниот процес.

received_10208816039989791

Директорот на музичкото училиште Игор Николоски посочи дека наставата ќе започне на 1- ви Септември:
„Наставата ќе започне редовно на 1- ви Септември, изнајмени се простории во ОУ „Кочо Рацин“, ОУ „Рампо Левката“ и во ЦК „Марко Цепенков“ каде учениците редовно ќе ја следат наставата“.
Ова училиште е изградено во 1923 пред точно 93 години.received_10208816040149795




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.