Онлајн наставата си го прави своето? Ученици се тепале во училиште во Битола, а тепачката завршила на социјалните мрежи

На 22.02.2023 во СВР Битола, во присуство на родители и претставници од Центарот за социјални работи Битола, бил извршен службен разговор со двајца 15-годишници од Битола.

Тие, на 22.03.2023 во двор на средно училиште во Битола го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, а настанот бил сниман и споделен на социјалните мрежи.

За случајот бил известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.