Околу 70 џудисти учествуваа на меѓуклубскиот предновогодишен џудо турнир во Прилеп

Во спортската сала на ООУ „Кочо Рацин“ во организација на џудо клубот „Сеишин-Прилеп“ на 24ти Декември се одржа предновогодишен меѓуклубски турнир во џудо.

На спортскиот настан на кој се натпреваруваа околу 70 џудисти присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески.

Натпреварувачите од трите џудо клубови „Сеишен“,„Санкаку“ и Џудо Клубот „Прилеп-Прилеп“ се натпреваруваа во категориите почетници, помали пионери и пионери, во машка и женска конкуренција.

На турнирот беа доделени дипломи за најдобрите, а на градоначалникот Борче Јовчески му беше доделена посебна Bлагодарница – „За посебен придонес во развојот и популаризацијата на џудо спортот“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.