Одржана Јавна Расправа за Стратегијата за Климатски Промени и Извештајот за стратегиската оценка на влијанието на стратегијата врз животната средина во Општина Прилеп

_MG_7229

Денеска, во просториите на Општина Прилеп се одржа јавна расправа по предлог Стратегијата за климатски промени на Општина Прилеп и презентација на извештајот за стратегиската оцена на влијанието на стратегијата врз животната средина.  Активноста е дел од учеството на општината во Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени, спроведуван од Милиеуконтакт Македонија.

_MG_7240

Игор Тасевски, локален координатор на проектот од локалната партнер организација “Центар за Граѓанска Иницијатива„ – Прилеп ја презентираше Предлог стратегијата за климатски промени на општина Прилеп пред претставници на општинската администрација, граѓански организации и граѓани на Прилеп кои се активно вклучени во процесот Зелена Агенда за изработка на стратегијата, како и резултатите од досега спроведените активности од овој проект во Општина Прилеп.

_MG_7243

Извештајот за стратегиската оцена на влијанието на стратегијата врз животната средина пред присутните го презентираше Александра Каракашова Сачкарска, експерт по оваа проблематика.  Присутните на состанокот имаа можност да дадат свои предлози по однос на стратегијата кои ќе бидат земени предвид при финализирање на документот и негово усвојување од страна на Советот на Општина Прилеп.

_MG_7250

На 28 април 2015 година, Прилеп се вклучи во групата на десет партнер општини каде се спроведува Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени. Во рамките на овој проект, преку иновативната методологија „Зелена Агенда”, граѓаните, граѓанските организации, приватниот сектор и општинските власти во Општина Прилеп беа активно вклучени во развој на долгорочната стратегија и акционен план за адаптација кон климатските промени и ублажување на нивните негативни ефекти, кои директно ја рефлектираат специфичната ситуација и потребите на локалното население.

Во овој процес, граѓаните на Прилеп, ја дефинираа адаптацијата кон климатските предизвици преку одржливо управување со водните ресурси како приоритет во Општинската стратегија за климатски промени. Во тек е спроведување на првата приоритетна мерка која вклучува санација на старите градски извори во Прилеп.

Зајакнувајќи ја локалната отпорност кон климатските промени, Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени го зајакна граѓанското општество преку зголемување на посветеноста и вклученоста на заедницата во делување за прашања од заеднички интерес.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.