Одреден 30-дневен притвор за Моника Конопова – активистката која јавно пушеше марихуана

Моника денеска попладне беше изведена пред судија на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1 Скопје, кој го прифати предлогот за обезбедување на присуство на осомничен за изрекување мерка протвор, поднесен од страна на ОЈО Скопје, по сите три основи од одредбите на ЗКП.

Моника ќе биде спроведена во затворот Скопје (Шутка), каде ќе ја чека жалбената постапка пред кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 Скопје – објави порталот “Јанаки знае” на адвокатот Jaнаки Митровски.

Моника Ристеска е еден од најактивните активисти за легализација на канабисот и негова широка употреба во медицината, вчера при претрес во нејзиниот дом полицијата пронајде 30 мл. масло од канабис и 15 гр. канабис – додаваат од порталот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.