Јавната здравствена институција Здравствен дом – Прилеп, објави 2 огласи за вработување, и тоа за следниве работни позиции:
Помлад соработник за правни работи, Одделение за човечки ресурси, јавни набавки и архивско работење, Сектор за правно-административни стручни и општи работи
Општи услови
да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место, со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки, со или без работно искуство во струката
Општи работни компетенции
решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг, учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, стратешка свест, ориентираност кон странките/засегнати страни и финансиско управување
Посебни работни компетенции
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Паричен нето износ на плата: 23.600,00 денари
2. Референт – администратор шалтерски работник, Одделение за човечки ресурси, јавни набавки и архивско работење, Сектор за правно-административни стручни и општи работи
Општи услови
да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место, со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование, средно-економско или гимназија/Вишо економско, најмалку 1 (една) година работно искуство во струката
Паричен нето износ на плата: 14.992,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се : Ром(ка) 1.