Бензините поевтинуваат за 1,5 односно 2 денари по литар, додека од полноќ, дизелот е поевтин за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 2,00 ден/лит, односно за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 27.06.2016 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, додека малопродажната цена а на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)се намалуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 27.06.2016 година и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 49,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 37,50 ден/лит