Одлична можност за младите од овие 7 општини: Аплицирајте за проектот “Fast Forward” кој е поддржан од Американската амбасада

ПРО ЛОКАЛ објавува ПОВИК за вклучување на 15 млади лица од општините Новаци, Могила, Демир Хисар, Долнени, Кривогаштани, Ресен и Крушево во активностите на проектот “Fast Forward – „Развој на вештини на младите од Пелагонија за подобра иднина”

ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ

Економско зајакнување на младите во 7 рурални општини од Пелагонискиот регион;

Зајакнување на претприемачките капацитети на младите од руралните средини во Пелагонискиот регион.

АКТИВНОСТИ

Во рамките на проектот предвидени се обуки (3 модули со по 2 сесии) за 15 млади лица од општините Новаци, Могила, Демир Хисар, Ресен, Кривогаштани, Долнени и Крушево кои ќе ги водат докажани експерти од областа на претприемништвото. Обуките се на теми:

Генерирање на претприемачки идеи: унапредување на капацитетите на младите за започнување сопствен бизнис; Донесување одлуки и деловно планирање- пазарна валидација на бизнис идеи; Развивање бизнис план.

Обуките се еднодневни и ќе се одржуваат во Битола.

Патните трошоци до/од местото на одржување на обуките се покриени од проектот.

КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО

Место на живеење во некоја од таргетираните општини: Новаци, Могила, Демир Хисар, Долнени, Кривогаштани, Ресен или Крушево,

Возраст од 18 до 29 години, Претприемачки дух и желба за започнување на сопствен бизнис.

ВРЕМЕНСКА РАМКА за реализација на обуките

февруари 2023 – мај 2023

НАЧИН НА АПЛЦИРАЊЕ

Заинтересираните млади потребно е да испратат Пријава во која ќе ги наведат личните податоци и Мотивациско Писмо во кое треба да се наведат причините за учество во активностите на проектот на следната адреса [email protected] најдоцна до 20.01.2023 година, со назнака: За учество во проект FAST FORWARD.

КОНТАКТ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Сите заинтересирани млади лица од засегнатите општини можат своите прашања за проектот и неговата имплементација да ги постават на [email protected] или на телефонските броеви 075/322-323 и 071/307-301.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.